Филипче: За правда, слобода и безбедност владата доби единица од ЕУ – драматичен пад во споредба со лани

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција по објавувањето на Извештајот на Европската Унија за напредокот на Македонија, истакна дека документот јасно го покажува длабоко назадување на државата под власта на ВМРО-ДПМНЕ особено во делот на демократијата и владеењето на правото е особено загрижувачки.

„Во делот на демократија и владеење на правото не беа направени обиди за усвојување уставни измени поврзани со заклучоците на советот од 2022 година. Клучен услов на ЕУ за почеток на преговорите политичка поларизација во собранието продолжува блокирајќи клучни реформи и именувања“, рече Филипче.

Во делот на судството, според Филипче, ситуацијата е алармантна, особено во антикорупциските напори кои се замрзнати, а корупцијата се шири во сите сфери.

„Европската комисијата оцени дека нема напредок во областа на судството и основните права. Судската независност останува поткопана од политички влијанија вклучително е притисоци од собранието врз судскиот совет. Спроведувањето на стратегијата за реформа на правосудството 2024-2028 година доцни, спроведени се само 42,9% од планираните активности за 24-та година. Антикорупциските напори се во застој се бележи нема напредок корупцијата е присутна во многу области и претставува сериозен проблем“, потенцираше Филипче.

Претседателот на СДСМ Филипче укажа и на слабото владеење со јавните финансии и нетранспарентното носење на законите.

„Дури 60% од законите се носат во скратена постапка што ја поткопува транспарентноста и надзорот. Многу пати предупредуваме на ова не се остава простор за никаква дебата, не се остава просторот се направат добри законски решенија, нема комуникација со власта да одредени сегменти преку поднесување на закони се подобрат, нагласи Филипче.

На крајот Филипче порача дека извештајот на ЕУ не е само критика, туку предупредување. Тој оцени дека Македонија назадува поради неспособна влада која нема визија и волја да ги спроведе реформите.