Прес-конференција на СДСМ, Александар Димитриевски, Комисија за земјоделство
Големиот корупциски скандал во ИПАРД Агенцијата добива пошироки размери.
Освен што е загрозена помошта од 128 милиони евра од ЕУ, денеска откриваме и информации кои се доставени до нас за директни врски со највисоките структури во Министерството за земјоделство.
Меѓу петтемина осомничени во овој случај се наоѓа и Јасмина Костадинова.
Таа е поранешна посебна советничка на Цветан Трипуновски, назначена токму во моментот кога тој ја презема функцијата дополнителен заменик-министер за земјоделство.
Денес, соработничката на Трипуновски е вработена во Министерството за земјоделство за финансиски прашања во Управата за водостопанство.
Од тоа произлегува јасно прашање:
Како може министерот Трипуновски да тврди дека нема никаква врска со случајот, кога во скандалот е инволвирана негова блиска и доверлива соработничка?
Бројни фотографии со Трипуновски, но и со други високи функционери на ДПМНЕ, меѓу кои Орце Ѓорѓиевски, Даниела Иротова и Игор Миќев ја потврдуваат поврзаноста и со него и со ДПМНЕ. Се е јасно тука.
Прашањето е што знаел министерот Трипуновски за корупциските зделки?
Дали тоа значи дека бил информиран за сè или делувала по негови насоки?
Од министер опкружен со изнудувачи и посредници за мито при доделување на европски средства не може да се очекува ниту развој, ниту чесна и одговорна работа во интерес на земјоделците.
За ова мора да има морална и политичка одговорност. Време е министерот Цветан Трипуновски да покаже минимум интегритет и да поднесе оставка.







