По пресот на СДСМ, Кадиевска Војновиќ експресно тргната од Управниот одбор на банката!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Прес-конференцијата на Антикорупцискиот тим на СДСМ очигледно предизвика итни реакции кај оние што се обидуваат да ги сокријат трагите од поврзаноста на ДПМНЕ со Акта Банка.

„Само пет дена по прес конференцијата на СДСМ, од банката соопштија дека одлуката за именување на Маја Кадиевска Војновиќ е ставена вон сила. Прес конференцијата на АКТ беше на 12 декември, а Кадиевска Војновиќ е сменета на 17 декември. Дали ова не е класичен обид да се сокријат врските и трагите кои водат до ДПМНЕ и Мицкоски?“, праша Огњеновиќ, член на Извршниот одбор на СДСМ.

Поранешна членка на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ била дел од управувањето со банката сè до моментот кога СДСМ јавно ги изнесе фактите.

„Разоткриени се“, потенцираше Огњеновиќ.

Тој нагласи дека ваквите експресни потези не ја намалуваат, туку ја зајакнуваат основаната сомнеж дека станува збор за обид за прикривање на партиско-банкарска спрега.

„Ќе чекаат ли македонските институции некој од надвор да реагира или конечно ќе почнат да постапуваат?“, праша Огњеновиќ.

Антикорупцискиот тим на СДСМ, како што беше нагласено, продолжува со работа, а преку платформата МИЦКО досега се поднесени над 200 пријави од граѓаните.

Борбата против криминалот и корупцијата продолжува.

Работата не е завршена.