Кадиевска Војновиќ уште една алка што ја поврзува Алта банка со ДПМНЕ и Мицкоски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Антикорупцискиот тим на СДСМ продолжува да изнесува факти и докази за поврзаноста на ДПМНЕ со Алта Банка како и за сомнителното преземање на Стопанска банка АД Битола.

„Откривме дека банкарот на Вучиќ стана банкар и на Мицкоски“, рече членот на Извршниот одбор на СДСМ, Петар Огњеновиќ, посочувајќи дека токму поради тоа СДСМ побарала Финансиското разузнавање и Финансиската полиција да отворат истрага за, како што нагласи, „крајно сомнително преземање“.

Огњеновиќ потенцираше дека, и покрај сериозноста на наводите, „досега нема никаква реакција од ниту една надлежна институција. Молк“, што отвора сериозни сомнежи.

„Дали причината за ова е што овие трансакции се нераскинливо поврзани со финансиско-политичката мрежа на структурите на Мицкоски и ДПМНЕ?“, праша Огњеновиќ.

Тој денеска објави уште еден конкретен доказ, кој директно ја потврдува таа поврзаност.

„До пред три дена член на Управниот одбор на банката од Битола била Маја Кадиевска Војновиќ“, рече Огњеновиќ.

Станува збор за „поранешна членка на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и на Христијан Мицкоски“.

Тој порача дека по овие факти „веќе никој не може да ја демантира поврзаноста на ДПМНЕ со Алта банка“ и додаде дека „вистината не може да се сокрие“.

СДСМ повторно ги повикува надлежните институции да реагираат и да постапуваат, затоа што, како што беше потенцирано, времето поминува, а одговорноста доаѓа.

Антикорупцискиот тим на СДСМ продолжува со работа.

Работата не е завршена.