СДСМ бара реакција од ДКСК и повлекување на Ефимија од Развојната банка поради конфликт на интерес

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

„Сега партнерите на Мицкоски добиваат ‘директен линк’ за своите семејни фирми во Развојната банка“, изјави Јон Фрчкоски на прес-конференцијата.

Фрчкоски предупреди дека „ова е класичен конфликт на интерес“.

Тој нагласи дека „во исто време Димовски имаат семејни фирми“, посочувајќи дека „Ефимија е сопственик на ‘Херба Натура’ и дел од управувачката структура на енергетскиот субјект ‘ХН Соларис’“.

„Воспоставување на олигархиска структура на ВМРО-ОКГ каде државните институции служат како сервис на една тесна бизнис-групација околу Мицкоски“, рече Фрчкоски.

Поставувањето на Димовска на чело на Развојната банка значи директно влијание врз „кредитни линии и финансирање на енергетски проекти“, што отвора сериозен ризик од судир на јавниот и приватниот интерес.

„СДСМ бара итно повлекување на Ефимија Димовска од функцијата и соодветна реакција на ДКСК и останатите надлежни институции.“ рече Фрчкоски.

Институциите мора да постапат и да го спречат претворањето на Развојната банка во продолжена рака на хидро-бизнис мрежата на Мицкоски и неговите партнери.