Крвави ви се рацете, оставка од Тошковски!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција на СДСМ, Маја Борозан, Форум на жени

Од синоќа во Скопје има нов случај на семејно насилство и пукање со пиштол.

Уште колку жртви, што уште треба трагично да завршат за Панче Тошковски да си поднесе оставка?

За трагедијата во Карпош, во која животите ги загубија мајка и малолетно дете, пропусти на МВР.

Две години постојано имало пријави за семејно, физичко и психичко насилство, вкупно 12 пријави.

МВР на Панче Тошковски имале сознанија, имале индиции за сериозен ризик но со несоодветна и ненавремена реакција не ги заштитиле жртвите.

Дополнително, со измените на Кривичниот законик, насилството врз жените и семејното насилство се гонат по службена должност.

МВР потфрли и со случајот во Велес и не реагираше навреме.

МВР потфрли и во случајот со серискиот убиец во Старо Нагоричане. Две години ги игнорирале пријавите на жителите дека сторителот се прикрадува во дворови и демне.
Прично, жртвите биле третирани како „природна смрт“, не била правена обдукција, немало истрага.

Проблемот почнува од врвот.

Рацете ви се крвави!

ОСТАВКА!