Тошковски бара поефикасен одговор од институциите, а тој води институција!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Панче Тошкоски самиот на себе си покажа дека треба да си даде оставка.

Денеска вели дека „потребен е поефикасен институционален одговор„ за спречување на семејното насилство.

Па кој ја води една од најголемите институции – МВР? Опозицијата? Или Панче Тошковски?

Од кого бара поефикасен одговор Тошковски? Од себе?

До толку бега од одговорноста што како да е опозиционер, спремен е од самиот себе си да бара поефикасен одговор само да не даде оставка.

Уште колку жртви, уште колку случаи треба трагично да завршат за Панче Тошковски да си поднесе оставка?

Проблемот почнува од врвот.

Рацете ви се крвави!

Оставка!