Филипче најави заеднички фронт: Формираме регионална Скопска иницијатива

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави серија политички активности, меѓу кои и формирање на регионална Скопска иницијатива, со цел создавање заеднички фронт за европска иднина на регионот.

„Планираме сериозни политички активности за да ги разобличиме овие лажни патриотски политики на ВМРО, поради тоа што зад лажниот патриотизам се крие само бизнис интереси и ништо друго“, рече Филипче.

На прес-конфефенцијата Филипче појасни дека во месец ќе се реализира една од клучните иницијативи за регионално поврзување.

„Во месец мај планираме две сериозни големи политички активности, прво формирање на скопска иницијатива. Тоа е регионална иницијатива на која што ќе присуствуваат повеќе политички партии од околните земји, со кои што правиме заеднички фронт. Прво за европски интеграција на регионот, второ за борба против корупција и трето за борба против авторитарните режими“, рече Филипче.

Воедно како што најави Филипче, во мај ќе се одржи и партиски конгрес на кој ќе бидат претставени клучните програмски определби.

„На партискиот конгрес ќе ги објавуваме постулатите на нашата програма за следните парламентарни избори кога и да бидат, иако сме сигурни ќе бидат предвремени затоа што криминалната власт кога ќе секнат парите за нивните тендери нема да имаат каде да оди и ќе почне да бегаат. На тој конгрес ќе ја објавиме и нашата проевропска платформа на којашто се повикани сите проевропски партии да се приклучат поради тоа што мораме да излеземе од овој ќор сокак каде што намерно не стави премиерот Христијан Мицкоски и владата на ВМРО-ДПМНЕ, поради тоа што нашата стратешка цел мора да ја оствариме за доброто на државата, за сите граѓани посебно за младите“, рече Филипче.