СДСМ со ветување до ВМРО: Сите ќе одговарате!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

По откривањето на бизнис мрежата на Мицкоски во енергетката од Адамовиќ до „Руднап“ на ВМРО се обиде повторно да го урива СДСМ од внатре, преку Шилегов.

ВМРО толку падна, што тоа го покажуваат нивните анкети, па немаат што друго освен преку овие напади одвнатре.

Прво Деспотовски, сега Шилегов. Утре можеби ќе најдат уште некого за пари, бизнис или уцена…

Сега на сите им е јасно дека платформата којашто се најавува е „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“.

Но, на граѓаните им е кристално јасно дека овие обиди нема да успеат и СДСМ тоа нема да го дозволи.

Ние нема да се занимаваме повеќе со Петре Шилегов. Имаме поважни работи, работиме.

Продолжуваме со мерки и решенија за заштита на стандардот на граѓаните.

Продолжуваме со борбата да се врати Македонија на европскиот пат.

Продолжуваме да ги октриваме сите криминално-коруптивни дејствија на ВМРО и Мицкоски.

Треба да се подготват обвиненија за денот кога ќе дојде слободно обвинителство и судство.

Немаме време да се занимаваме со уценети луѓе кои работат токму за таа криминална група.

Прашуваат дали имаме договор со ВМРО? Договор имаме во СДСМ, а до ВМРО имаме ветување – сите ќе одговараат. Ете, да биде јасно и тоа, ако некој сè уште се прашува.

А Шилегов, може да оди кај нив во партија директно, нема потреба да се крие.

Не мора повеќе тајно да работи на „Платформа за растурање на СДСМ“, па да биде како ЗНАМ.

Може веднаш со ВМРО, а не како ЗНАМ пред избори да ги лажат граѓаните, а потоа да прават „тендер коалиција“ за по изборите да покажат дека се сателит-партија на ВМРО.

Ете, сега во ВМРО има избор за најголем „Мицко фан“, па ќе добие некоја „функција“ освен оваа што му ја доделија против СДСМ.

Таму е јасна ситуацијата, нема потпретседатели во ВМРО, се чека газдата за патот да биде чист.

Граѓаните не се ниту слепи ниту глуви, еднаш беа излажани – нема да бидат двапати.