СДСМ за последниот корупциски скандал: Јасно е зошто за земјоделците нема пари

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговор на новинарско прашање, Јон Фрчкоски – член на ИО

„Видете, прво ништо не не изненадува, нитu очекувавме нешто помалку од најкорумпираната влада во регионот и во Европа. Да има уште еден скандал. Како што знаете јавно обелоденивме и многу други, криминални шеми, тендерски мрежи и слично. Второ, ова е ова е доказ зoшто за земјоделците нема пари, зашто нема субвенции, зашто нема исплата и зашто не може ни да очекуваат ништо од вака конципирани институции во земјоделието. И трето, коментар околу помпата дека ова е организирана акција за сузбивање на криминал. Воопшто не се работи за тоа и не може власта да се пофали со тоа. Повеќе наликува дека на некому му дошло преку глава, пријавил па морале да постапат.“