Одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска – портпаролка
„СДСМ бара од Основното јавно обвинителство (ОЈО) да отвори предмет и да го испита непостапувањето на Трајко Славески во законскиot рок за избор на вицегувернери во Народната банка. Станува збор за сериозни индиции за прекршување на законот и свесно блокирање на институционалниот процес од страна на гувернерот Славески.
Постои основано сомнение за незаконито непостапување на гувернерот, институцијата функционира во спорен состав и одлуките донесени во такви услови можат да бидат правно оспорени.“



