Соопштение за јавност
„Наместо мерки, Мицкоски прави дефокус – Дубаи, Зграда 42 спрата, Харис Џиновиќ, Башановиќ, што ли не измислија. ‘Началникот’ Латас е повторно во акција – дефокус наместо леб. Граѓаните не можат да живеат од дефокус. Дефокусот не ги полни фрижидерите, не носи храна на масата, не носи пари во семејните буџети, обвини портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес-конференција.
„Мицкоски е дилетант кој нема капацитет да ја води Владата. Или ова го прави намерно заради заштита на приватни бизниси. Или можеби и едното и другото. Граѓаните не можат да живеат од дефокус. Дефокусот не ги полни фрижидерите, не носи храна на масата, не носи пари во семејните буџети. Дури Мицкоски зборува дека граѓаните „станале милионери“ и дека заштедиле, 200 илјади евра дневно, 1,5 милиони евра неделно. Епа граѓаните нека ги отворат своите паричници и нека ги пронајдат тие пари. Дали се внатре. Срамота е однесувањето на Мицкоски. Тој се однесува како уредник на жолт печат, со навреди и дефокус, наместо со решенија“, посочи Кузеска.
Мицкоски одби да ја покачи минималната плата на 600 евра, а сега ниту 600 евра плата нема да бидат доволни за да се преживее месецот. Мицкоски треба да престане да штити бизнис интереси и да ги прифати мерките на СДСМ: Намалување на ДДВ на горивата на 5% , намалување на акцизите за 4 денари, 0% ДДВ за основните прехранбени производи и преполовување на патарините.



