Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор
Почитувани,
Огромен скандал е доделувањето бизнис на компанија чиј сопственик е на црната листа на САД.
Компанијата на Миодраг Давидовиќ-Дака „Хронос сум“ од јануари годинава Божновска ја ставила во Годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2026 година.
За ВМРО-ОКГ сѐ е бизнис и ниту црната листа на САД не е пречка.
Сега кога јавно ги фати живи Антикорупцискиот тим на СДСМ како спремаат бизниси со човек кој се поврзува со перење пари, криминални структури и е на црната листа на САД ВМРО -ОКГ пробува да се испере.
Не поминува, живи сте фатени.
Панама, офшор мрежи и сомнителен капитал.
Скандалот е уште поголем ако се знае дека станува збор за истиот субјект кој со години стоел без реализација, а сега одеднаш, со ВМРО-ОКГ на власт, повторно оживува.
Потонаа сите лаги на Александар Николовски и ВМРО-ОКГ.
Во опозиција го напаѓаа Миодраг Дака Давидовиќ а денес – кога се на власт – Божиновска му отвори врата во бизнис мрежата на македонската енергетика.
Ќе им се извинат ли денеска на граѓаните за сите лаги?
Ова е класичен пример како функционира ВМРО-ОКГ: додека граѓаните плаќаат скапа струја, ЕЛЕМ има загуби од 100 милиони евра годишни тие договараат бизниси со сомнителни партнери.
СДСМ бара:
Владата на Мицкоски веднаш да ја повлече одлуката и да го стопира овој сомнителен проект.
Јавното обвинителство итно да отвори предмет и да ја истражи целата шема, вклучително и потеклото на капиталот.


