МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Денеска на Правниот факултет во Скопје се одржува заедничко предавање на претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова и претседателот на Црна Гора – Јаков Милатовиќ.

Но, на македонските професори од Правниот факултет во Скопје, МВР им оневозможи пристап на своите работни места, им забранани да влезат и на паркингот на Универзитетот, наводно поради безбедносни причини.

Ова е повреда на автономијата на Универзитетот, чекори кои ги преземаат само авторитарни режими.

Од кого се плаши власта? Од професорите? Од студентите? Од граѓаните?

Професорите ли се закана за безбедноста на Сиљановска?

Досега на Правниот факултет присуствувале бројни носители на највисоките државни функции но вакво нешто не се случило.

Дали поради настаните во Србија и владата на Мицкоски е во параноја или ги спроведува истите тактики како нивната сестринска партија СНС?