Младите се иселуваат, а лажните патриоти во Владата земаат бугарски пасош за ЕУ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција на СДСМ, Петар Огњеновиќ – член на Извршен одбор

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,

ВМРО-ОКГ одбива да го усвои предлог законот со кој се забранува двојно државјанство за пратеници, членови на Влада и претставници на извршната власт.

Зошто?

Затоа што половина од нив веќе има бугарски пасоши.

Министри, градоначалници, пратеници, директори на јавни претпријатија од ВМРО-ОКГ, сите тие се обезбедиле со бугарско државјанство.

Додека јавно блокираат европските процеси и се претставуваат како „бранители на македонскиот идентитет“, приватно си ги обезбедиле пасошите за себе и за своите семејства.

Нивниот „нов пристап“ кон ЕУ е едноставен: Земи бугарски пасош за најблиските и еве ти Европа.

Додека шират пропаганда и лажниот патриотизам, земјата ја водат луѓе со бугарски пасоши.

Црна Гора е следна во процесот на ЕУ интеграции, договор се подготвува за 2028 година.

Албанија е следна на листата за 2030 година.

Македонија никој повеќе не ја споменува.

Од Македонија прават слепо црево на Балканот и црна точка на Европа.

Затоа младите гледаат само како да побегнат од земјата.

После оваа ненародна власт, во Македонија може да не остане никој – ни камен на камен.

СДСМ јасно бара: законот мора да важи веднаш, за сите – за актуелните пратеници, министри и владини функционери. Без исклучок.

Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!