Филипче: Мицкоски не сака во ЕУ, се плаши од европско судство

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Мицкоски не сака земјава да оди напред во Европа, не сака вистински реформи, не сака тука да доаѓа Европско обвинителство, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање. Филипче посочи дека зад политиките на премиерот Мицкоски стои намерата за контрола врз институциите и избегнување на одговорност, а не напредок на држвата кон ЕУ.

„Мицкоски не сака земјава да оди напред во Европа, не сака вистински реформи, сака да го контролира судството, да поставува свои, партиски судии и обвинители, да ги партизира сите институции. Не сака тука да доаѓа Европско обвинителство, да има независни обвинители, затоа што така треба да одговарат прво луѓето околу него, а потоа и тој самиот“, рече Филипче.

Тој додаде дека Мицкоски како премиер наместо да грижи за граѓаните и напредокот на државата, креира вештачки конфликти, создава лажни наративи, за да го дефокусира вниманието од суштинските проблеми.

„Зошто креира вештачки непријатели – Грците, Бугарите итн.? Тоа е начинот на којшто човекот владее, со својата пропаганда, со своите лажни вести, по принципот на Гебелс- обвини ги другите за тоа што самиот го правиш, направи таква поделба на граѓаните на патриоти и предавници и ти си спасителот, а всушност ништо не се прави, за да можат да пљачкаат со мала група на луѓе во позадина. Тоа е лажната пропаганда со која што владее Христијан. Како дојде на власт? Ќе ја менуваше преговарачката рамка. Не е заинтересиран човекот за тоа. Ќе имаше одложено дејство на уставните измени. Сите му кажаа, и претходно дека не може“, рече Филипче.

Во одговорот Филипче, посочи дека владата на ВМРО-ОКГ нема капацитет да води држава.

„Оваа власт не може да биде сериозна и да води сериозна држава и ние тоа секојдневно го гледаме, тоа граѓаните го чувствуваат, да постапи така како што треба. Ќе се бори за Македонците во Бугарија, не го интересираат Македонците тука па за Македонците во Бугарија, ќе се борел човекот. На крај, памет не му паѓаат. Само неговиот џеб го интересира.За жал, констатација наша и на целокупната јавност дека со цел да продолжи оваа неконтролирана пљачка на народните пари, оваа власт нема буквално ништо да направи на патот кон Европа“, рече Филипче.