Соопштение за јавност
Додека Христијан Мицкоски со владин авион тера одмор во Сплит-Хрватска, ги повика граѓаните да летуваат во Македонија ако не можат да ја поминат границата поради метежот предизвикан од ЕЕС системот.
Исто го правеше и Вучиќ, имаше кампања „Летувајте во Србија“, ги повикуваше граѓаните на „домашен туризам“.
Дали постои нешто што Мицкоски не го копира од својата сестринска партија и големиот брат Вучиќ?
Изгледа дека Мицкоски однапред сака да им покаже на граѓаните како изгледа потполната изолација што нè очекува и да им објасни зошто не можат слободно да патуваат – поради неговата политика на стопирање на ЕУ интеграциите.
Поважно му е да ги исполнува обврските кон Москва и Вучиќ и да ги полни своите џебови преку тендери, отколку да ја отвори земјата кон Европа, бидејќи тогаш некој мора да одговара за криминалот и корупцијата.
Ова е директно признание дека неговата антиевропска политика ги затвора границите и им ја краде слободата на граѓаните.
Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!


