Соопштение за јавност
Власта не ги заштити граѓаните, ги остави сами во криза. Премиерот одбива да воведе било какви мерки за која било категорија на граѓани, ранливи категории, пензионери, студенти, земјоделци. Истовремено одбива да ја зголеми минималната плата. Сè е поскапено буквално сè, а граѓаните се сè посиромашни, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција.
Филипче посочи на фактот дека од денес повторно поскапеа горивата, иако Мицкоски, ветуваше дека тоа нема да се случи. И тоа значи уште еден нов удар врз стандардот и ново покачување на цените.
„Премиерот и неговата влада сè уште одбиваат да ги прифатат нашите предлог мерки, да се укине ДДВ-то на храната, со тоа храната којашто значајно поскапе може да поевтини. Да се намали ДДВ-то на горивата дополнително на пет проценти. Тие тоа не го направија, напротив, и одбиваат да ги преполоват цените на патарините, со што значајно ќе им се олесни животот, функционирањето, патувањето на граѓаните, рече Филипче.
Претседателот на СДСМ, обвини дека со Мицковски се случува буквално економска катастрофа, економијата оди надоле, сиромаштијата расте, работните места исчезнуваат и инфлацијата силно забрзува.
„Според последните индикатори на Државниот завод за статистика, стапката на сиромаштија во првата година од владата на ВМРО е 21,9%. Толкав е процентот на граѓани кои живеат под прагот на сиромаштијата. Значи, секој петти граѓанин во државата. Кај многучлените семејства состојбата уште поалармантна, дури 54,8% од овие семејства живеат во сиромаштија. 45,8% проценти од самохраните родители се сиромашни. Кај децата и младите до седумнаесет години стапката на сиромаштија е 29,5%..
Луѓето живеат се потешко. Економијата се распаѓа. Мицковски ја води владава као дилетант во економска, финансиска и социјална безна“ потенцираше Филипче.

