Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес конференција обвини дека државниот буџет е во сериозна криза, а во само три месеци е потрошен најголем дел од планираниот дефицит, што укажува на буџетски колапс.
„За само три месеци се реализираа дури и 63% од вкупно планираниот дефицит за цела година. Приходната страна едвај нешто околу 20% од реализација. И оваа буџетска дупка значи само едно, а тоа е нови задолжувања“, рече Филипче.
Тој посочи дека според податоци од Министерството за финансии, во текот на кварталот е креиран нов долг од 700 милиони евра.
„Според официјален податок од 30.04 на Министерство финансии, покажува дека само овој квартал Мицкоски има креирано екстра нов долг од 700 милиони евра. Тој го почна мандатот со настан долг од 8,4 милијарди евра, а на крајот на март тоа е 10,7 милијарди евра. Лагите дека оваа влада се задолжила само за да враќа стари долгови се практично демонтирани со овој податок. Во прикажаните бројки не влегуваат новите кредити од скоро 200 милиони евра за ЈПДП и за ЕЛЕМ“, рече Филипче.
Филипче посочи дека наспроти лагите дека оваа влада се задолжила само за да враќа стари долгови, вистината е дека само за овие две години расипничко владеење, јавниот долг во нето износ, Мицкоски акумулирал нов долг од цели 2,3 милијарди евра.
„Тој го почна мандатот со настан долг од 8,4 милијарди евра, а на крајот на март тоа е 10,7 милијарди евра. Значи, Христијан Мицкоски, како премиер го зголемил долгот за 26% за само две години владеење. Мицкоски го менаџира буџетот како купи ден продај. Се задолжува без стратегија, без план и без никаква грижа колкава сума на пари утре ќе враќаат сите граѓани., потенцираше Филипче.

