Соопштение за јавност
„Инфлацијата забрзува во март 2026, 4,9%, што е значајно повисоко од еврозоната, каде што е 3% во април 2026 година Сè е поскапено буквално сè, а граѓаните се сè посиромашни“, потенцираше претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот прес рече дека инфлацијата.
Филипче посочи дека животниот стандард на граѓаните се влошува, граѓаните тонат во сиромаштија, а во земјата се случува сериозна економска криза.
„Со Мицковски се случува буквално економска катастрофа. Економијата оди надоле, сиромаштијата расте, работните места исчезнуваат и инфлацијата силно забрзува. Според последните индикатори на Државниот завод за статистика, стапката на сиромаштија во првата година од владата на ВМРО е 21,9%. Толкав е процентот на граѓани кои живеат под прагот на сиромаштијата. Значи, секој петти граѓанин во државата“, рече Филипче.
Филипче посочи и на раст на јавниот долг, а според официјален податок од 30.04 на Министерство за финансии, покажува дека само овој квартал Мицкоски има креирано екстра нов долг од 700 милиони евра. До крајот на март, вкупниот долг изнесува 10,7 милијарди евра.
„Вистината е дека само за овие две години расипничко владеење, јавниот долг во нето износ или после враќањето на доспеаните стари кредити, Мицкоски акумулирал нов долг од цели 2,3 милијарди евра. Тој го почна мандатот со настан долг од 8,4 милијарди евра, а на крајот на март тоа е 10,7 милијарди евра. Значи, Христијан Мицкоски, како премиер го зголемил долгот за 26% за само две години владеење. Министерката за финансии која предвидува крах на европските економии, треба да му соопшти на својот шеф дека банкротот тропа на нашата врата. Лажната бројка дека овој долг е под 60%, тој е некаков замислен бруто домашен производ, е само манипулација. Што укажува на фатот дека Мицкоски и ова власт ја носи земјата во сериозна економска бездна“, рече Филипче.


