Филипче: Мицкоски започна кампања „предавници“ и конфликт со Бугарија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот прес обвини дека премиерот Христијан Мицкоски започнал политичка кампања со употреба на наратив за „предавници“ дома и создавање вештачки конфликти со соседите и со Бугарија. Филипче рече дека македонскиот јазик и идентитет не се загрозени и дека ваквите политики се користат за политички цели.

„Зошто тоа го прави? Па затоа што му треба изговор. Нема ниту една реформа, нема мерки за граѓаните, нема буквално ниту еден резултат. И во исто време кампања на медиумите под контрола на Орбан против СДСМ, затоа што ние ги поддржуваме европските интеграции. Наративот повторно е ист. Предавници. Па сега кога граѓаните ќе го слушнат ова нека се сетат на неговите ветувања дека ќе го укинеше Преспанскиот договор, дека ќе го праќаат името. Толку од предавниците и нивната кампања да се прикажат така и затоа мора постојано да создаваат вештачки проблеми, да го блокираат европскиот пат и да ја претворат Македонија во слепо црево на Балканот.“ рече Филипче.

Сè уште не е формирана влада во Бугарија, а Мицковски веќе најави заострување на односите и дека немало да има напредок, додаде Филипче.

„Затоа започна нова кампања за создавање вештачки конфликт со Бугарија, за да може потоа да објасни дека нема напредок во европските интеграции поради Бугарите, а не поради неговата неспособност и одбивањето да ги исполни реформите“, потенцраше претседателот Филипче.

Тој нагласи дека прашањето за малцинствата во Уставот е европско прашање, а не билатерален спор.

„Малцинствата во Уставот не се бугарско прашање, тие се европско прашање затоа што не се внесуваат само Бугарите, се внесуваат и други малцинства. И сето тоа се елементи за правење намерен конфликт, за да не продолжат реформите и за да не продолжи интеграцијата. Јасно е, нема европска интеграција, има само намерна изолација“, додаде Филипче.