Филипче: Граѓаните чекаат на граници а владата на Мицкоски им вели „летувајте дома“

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Наративот повторно е ист. Предавници. Па сега кога граѓаните ќе го слушнат ова нека се сетат на неговите ветувања дека ќе го укинеше Преспанскиот договор, дека ќе го праќаат името. Толку од предавниците и нивната кампања да се прикажат така и затоа мора постојано да создаваат вештачки проблеми, да го блокираат европскиот пат и да ја претворат Македонија во слепо црево на Балканот, истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес конференција обвинувајќи ја владата на Мицкоски дека само создва проблеми наместо да ги решава.

„Најсвежиот пример метежот на границите со новата мерка од Европска Унија. наместо Министерството за надворешни работи да се обиде да го реши проблемот, луѓето кои патуваат надвор, премиерот порачува летувајте во Македонија на наши езера и планини. Исто како што лажеа за камионџиите, се е решено, па сега истото го прават и за сите граѓани. Министерот разговарал со некого од ЕУ и толку, толку за сериозна европска политика. Премиерот не решава проблеми. Тој ги создава за да има изговор зошто не се исполнуваат реформите“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.