Филипче: Нема реформи за ЕУ затоа што ќе мора да одговараат за криминал

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Власта не ги спроведува потребните реформи за ЕУ затоа што ќе мора да одговараат за криминал, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче потенцираше дека блокадата на европскиот пат што ја прави владата на ВМРО, е поради избегнување одговорност за криминалот и корупцијата што ја прават.

„Ветуваа дека до јуни ќе ги решат сите осум преостанати точки од реформската агенда, иако за две години не е решена ниту една. Мицкоски Ја нема решено ниту првата и клучна точка, тоа е внесувањето на малцинствата во Уставот, и при тоа јасно кажува, нема да отстапи ни милиметар. Малцинствата во Уставот не се бугарско прашање, тие се европско прашање. Затоа што не се внесуваат само Бугарите, се внесуваат и други малцинства. И сето тоа се елементи за правење намерен конфликт, за да не продолжат реформите и за да не продолжи интеграцијата“, рече Филипче.

Тој додаде дека вистинската причина зошто власта го блокира европскиот пат на државата е избегнување на контрола и одговорност.

„Ако продолжи интеграцијата, некој од Европската Унија ќе дојде тука и ќе го контролира текот на парите, тендерите, трошењето. Е, тогаш за криминал и корупција ќе треба да се одговара пред европските институции. Јасно е, нема европска интеграција, има само намерна изолација“, рече Филипче.

Притоа, Филипче посочи дека граѓаните веќе ги препознаваат погрешните политики на владата на ВМРО и нивните криминални тендери.

„Јасно е дека повеќе со овие методи на овој начин долго не може да се владее, поради тоа што ги разобличуваме нивните лаги, ги објавуваме нивните криминални тендери, ја разобличуваме нивната лажна патриотска политика, сè со цел да седиме тука во место и да нема никаков напредок, ништо за граѓаните да не се направи, освен за малата група околу Христијан Мицкоски“, рече Филипче.

На прес-конференцијата, Филипче порача дека следува политичка одговорност и промена на власта.

„Ќе ставиме крај на оваа власт затоа што е криминална, најкорумпирана во цела Европа и затоа што е антинародна, антинационална и затоа што не се грижи никако за иднината на државата и на граѓаните. И ќе ја вратиме власта во рацете на народот. И тоа одговорно го кажувам“, рече Филипче.