Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска по повод 9 Мај – Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот, порача дека по промената на власта ќе следува целосно и неселективно расчистување со криминалот, корупцијата и системот на лажни вести создаден од ВМРО-ОКГ.
Филипче истакна дека ВМРО-ОК намерно ја држи државата надвор од европските процеси за да избегне реформи, европска контрола и одговорност за криминалот.
„Мора да знаете дека ВМРО не сакаат напред во Европа, не сакаат европска контрола на системот. Зошто сакаат да продолжат да крадат народни пари преку наместени тендери. Тоа е суштината“, рече Филипче.
Тој посочи дека веќе се отвораат сериозни прашања поврзани со бизнисите, кредитите и медиумската мрежа на Виктор Орбан, кои, како што рече, „по секоја линија водат до Христијан Мицкоски и неговиот периметар“.
„Ќе видите кога ќе се отворат скандалите преку Унгарија и бизниси и медиуми, се за каков систем станува збор што не држи тука намерно на страна од Европа“, истакна Филипче.
Филипче нагласи дека со следната влада предводена од СДСМ ќе се воспостави вистинска борба против корупцијата и злоупотребите.
„Тоа ќе се расчисти со нашето доаѓање на власт. Прво ќе се усвои закон за антикорупција и сите ќе одговараат. Сите ќе одговараат. Неселективно“, порача Филипче.
Тој најави и расчистување со „системот на лажни вести и пропаганда“.



