Соопштение за јавност
Изборот е јасен – Европска Македонија или криминална изолација со Мицкоски, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција.
Филипче посочи дека власта предводена од Мицкоски свесно го блокира европскиот пат на државата за да ги заштити сопствените криминални интереси и да продолжи злоупотребата на народните пари.
„Мицкокски и неговата група свестно ја блокираат Европската иднина на Македонија, за да ја продолжат кражбата на народните пари. И токму затоа националниот идентитет им служи само како изговор за да ја зачуваат власта и да продолжат со своите криминални интереси. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија нема дозволи нашиот идентитет да се користи како штит за криминал и корупција. Македонскиот идентитет е најсилен кога е дел од Европа, а не кога е затворен во изолација и сиромаштија“, рече Филипче.
Тој додаде дека граѓаните препознаваат од каде доаѓа вистинската опасност за државата и иднината, додавајќи дека заканата не е во внесување на малцинствата во Уставот, туку во криминалот и корупцијата.
„Граѓаните знаат, вистинската закана за идентитетот, за државата и за иднината не доаѓа од малцинствата, туку доаѓа од криминалот и корупцијата на организираната криминална група на ВМРО. Изборот е јасен – Европска Македонија или криминална изолација.“
Воедно, Филипче нагласи дека европскиот пат значи владеење на правото, независни институции и крај на злоупотребите и партискиот грабеж.
„Подолжувањето на европскиот пат значи примена на европски закони и правда. Значи европско јавно обвинителство пред кое нема да можат да командат ниту од собраниска говорница, ниту пак преку нивните јавни телевизиски настапи. Значи крај на наместените тендери, на партискиот грабеж на државни, народни, граѓански пари“, рече Филипче.


