50 милиони денари Општина Аеродром ќе потроши на реконструкција на 4 плочници и повторно Пирамид Билдинг

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција на ОО СДСМ Аеродром, Марко Даниловски, советник

Почитувани,

Вкупно 50 милиони денари Општина Аеродром ќе потроши на реконструкција на речи
си неоштетените плочници во Три Бисери, трговскиот центар во населба Лисиче и во
Ново Лисиче со вкупна површина од не цели 11.000 метри квадратни.

Секако во договорот за јавна набавка повторно се наоѓа омилената фирма на ВМРО-
ОКГ, Пирамид Билдинг Солушнс, како дел од група понудувачи.

На потегот од зграда 61 до 89 на бул. Видео Смилевски Бато со вкупна површина од
1050 метри квадратни се вадат здрави и неоштетени плочки и се менуваат со нови со
значително послаб квалитет.

Идентична е состојбата и со плочниците кај Три Бисери со површина од околу 4.000 м 2
и кај трговскиот центар во населба Лисиче со површина од околу 5.500 м 2 .

Дополнително, неодамна реконструираниот плочник кај кулите со бр. 68, 70 и 72 на
бул. АСНОМ е со целосно нефункционална дренажа на атмосферските води.

Буквално по секој посилен дожд се формираат езера по целата површина на овој
плочник.

Јавно го прашуваме градоначалникот Дејан Митески, по кој критериум се утврдува кои
плочници се за реконструкција, а кои не?

Каде завршуваат здравите плочки кои се вадат од неоштетените делови на овие
пешачки површини?

Кој ќе понесе одговорност за ваквото расипничко трошење на народните пари?
Јавните пешачки површини речи си пред голем дел од зградите на булеварите Јане
Сандански и АСНОМ се во очајна состојба и нивната реконструкција мора да биде
приоритет.

Го повикуваме градоначалникот Дејан Митески и ВМРО-ОКГ во Аеродром да
престанат недомаќински да ги трошат парите на нашите сограѓани.

Граѓаните бараат одговорност. Трпението е при крај.

Аеродром нема да дозволи нови 4 години недомаќинско и неодговорно управување со
општината.