Соопштение за јавност
„Денес сведочиме за најголемата политичка хипокризија и лицемерие во последните години. Гордана Силјановска изјавуваше дека никогаш нема да изговори Северна Македонија. И што се случи? Претседателката Гордана Силјановска Давкова јавно изјави дека Преспанскиот договор го потврдува и зачува македонскиот национален идентитет“, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција.
Филипче додаде дека ВМРО со години преку манипулации и пропагандата преку своите медиуми, ги лажеше граѓаните, дојде на валст со теза дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија се предавници на македонскиот идентитет, а денес Мицкоски признава дека Преспанскиот договор има историска вредност.
„Христијан Мицкоски јавно изјави дека Преспанскиот договор е ремек-дело на дипломатијата. Тие не само што не се откажаа од Преспанскиот договор, туку, еве, го признаваат. И каде сега предавството. Каде се сите ветувања на организираната криминална група на ВМРО од пред изборието?“, рече Филипче, додавајќи дека „ова не е политика, туку чиста измама на сопствениот народ“.
Претседателот на СДСМ потенцираше дека е време власта јавно да признае дека со години водела лажна кампања против европската иднина на државата, а Христијан Мицскоски јавно да се извини на сите граѓани.
„Време е ова организирана група на Христијан Мискоски и на ВМРО да се извини на граѓаните, да се извини за годините лаги и токсични поделби во општеството. Јавно го повикувам Христијан Мискоски, носител на оваа измислена лажна кампања, да излезе и да се извини на сите граѓани на Македонија“, рече Филипче.



