Соопштение за јавност
„Како што Мицкоски знаеше да клечи за власт, сега нека клекне и нека се извини на народот“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, при што директно го повика Мицкоски да се извини за годините на политички лаги, пропаганда и заблуди дека Преспанскиот договор е „предавство“и дека ќе биде поништен, дека е загрозен македонскиот идентит и дека ќе го врати старото име.
„Јавно го повикувам Христијан Мискоски, носител на оваа измислена лажна кампања, да излезе и да се извини на сите граѓани на Македонија. Кога умееше да клечи и да моли за да дојде до власт, може и сега да излезе и да се извини за лагите и за пропагандата што ја спроведуваше години наназад. Барам од Христијан да излезе и да се извини во свое име и во името на неговата партија. Барам извинување за изгубените години, за сите навреди што ги претрпеа оние коишто го поддржуваа Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, за оние што веруваа во Европската Унија, за многумина кои поради евроскептицизмот и поради оваа лажна кампања ја напуштија земјата и се иселиле оттука“, додаде Филипче.



