Филипче: Мицкоски ќе го поништуваше Преспанскиот договор па рече дека е ремек-дело на дипломатијата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

„Христијан Мицкоски велеше дека додека е тој во ВМРО, Преспанскиот договор не е завршена работа“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, а сега настапува со целосно спротивни ставови од оние со кои ја водеше својата лажна кампања, наракеувајќи го Преспанскиот договор ремек-дело на дипломатијата.

Филипче обвини дека станува збор за со години граден наратив со кој граѓаните беа доведувани во заблуда во однос на идентитетските прашања и Преспанскиот договор, оценувајќи дека со ваквите изјави ВМРО признава дека со години ги лажеше граѓаните.

„Претседателката Гордана Силјановска Давкова јавно изјави дека Преспанскиот договор го потврдува и зачува македонскиот национален идентитет. Христијан Мицкоски јавно изјави дека Преспанскиот договор е ремек-дело на дипломатијата. Тие не само што не се откажаа од Преспанскиот договор, туку, еве, го признаваат. И каде сега предавството?“, потенцираше претседателот на СДСМ.

Филипче рече дека станува збор за политичка недоследност и манипулација со јавноста, нагласувајќи дека истиот договор кој претходно бил нарекуван „предавство“, денес се прикажува како дипломатски успех.

„СДСМ беше обвинет дека е предавничка партија. Тие не само што не се откажаа од Преспанскиот договор, туку, еве, го признаваат. Тие не само што не го сменија, не го вратија името. Каде се сите ветувања на организираната криминална група на ВМРО од пред изборието. Денес сведочиме за најголемата политичка хипокризија и лицемерие во последните години, потенцираше претседателот на СДСМ, Венко Филипче, оценувајќи дека ваквиот пристап на ВМРО е чиста измама на сопствениот народ.