Соопштение за јавност
Нема пари за поголеми плати, нема субвенции, додека власта троши само за криминални тендери, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, потенцирајќи дека економската состојба во државата се влошува, а сето тоа е резултат на лошото менаџирање на јавните финансии и криминалните шеми на оваа власт.
„Има стагнација во растот на платите, нема раст ниту на минималната, на просечната плата, нема нешто значајно што граѓаните ќе го почувствуваат како зголемување на стандардот. Дефицитот расте, инфлацијата расте, огромна е разликата на приходната и на расходната страна, додека власта троши за криминални тендери“, потенцираше Филипче.
Филипче се осврна и на состојбата во земјоделството, посочувајќи дека земјоделците се оставени без доволна поддршка.
„Земјоделците се во катастрофална состојба. Не само што се намалени субвенциите, се касни со исплатата, не само што нема поддршка од ИПАРД програмата, им се бара, внимавајте, да ги вратат дел од парите коишто ги добиле за 2024 година.“, потенцираше претседателот на СДСМ
Филипче обвини дека државните средства завршуваат кај партиски структури, наместо кај граѓаните и економијата.
„Практично се користат сите механизми за да се испумпуваат пари од буџетот кон партиските фирми на ВМРО-ОКГ, криминална група. Сето тоа укажува дека оваа власт катастрофално ја води државата и ни претстои финансиски крах“, рече Филипче.


