Соопштение за јавност
Левица е привезок на ВМРО, ја презема улогата на ЗНАМ, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, потенцирајќи дека политичките партии Левица и ЗНАМ се дел од пошироки политички процеси и структури кои се користат за создавање поделби во општеството и одвлекување на вниманието од суштинските реформи.
-Левица е партија против Европа, во земја во која 80% од граѓаните сакаат Европа. Партија која е против НАТО и прави скандал на гостувањето на Марк Руте, а над 80% од граѓаните сметаат дека е добро членството во НАТО. Се појавуваат нови структури и стари лица, секогаш соработници на службите. Тоа е суштината, поделби, раздор, црна кампања, тоа е целта на Мицкоски. Левица ги слушам, тие ќе биле лидер на нешто. Не можат да водат никаков фронт за правда и одговорност, затоа што тоа е партија контролирана од ВМРО. Тоа е привезок на ВМРО, и сега ја зема улогата на ЗНАМ, затоа што ЗНАМ веќе пропадна, потенцираше Филипче.
Откако Вучиќ го контролира Мицкоски и ВМРО се случија ЗНАМ и Левица, додаде тој.
-Луѓето што го поддржуваа ЗНАМ, членови на СДСМ сфатија дека гласале против СДСМ за да Максим Димитриевски го продаде преку своите кумови плацот за Лидл, заработи стотици илјади евра. За Филков да не ги прати документите за екстрадиција на Груевски. Ете тоа е задачата на ЗНАМ, тоа се случува. Од кога Вучиќ го контролира и Мицкоски и ВМРО се случија Левица, се случи ЗНАМ, еве сега овој како се викаше Српче некоја нова листа, тука е и стариот добар Стоилковиќ секогаш соработник на службите, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.



