Соопштение за јавност
ВМРО е единица мерка за лажење и лицемерие, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека одбивањето на ВМРО да го прифати предлог-законот на СДСМ за забрана на двојни државјанства за функционери целосно ја разобличува, нивната лицемерна политика.
„Одбивањето да се прифати овој предлог закон на СДСМ целосно ја разобличува нивната лицемерна политика. Овие луѓе на власт, повеќе никој не можат да излажат. Со години ширеа хистерија, ширеа страв и ги лажеа граѓаните дека е загрозен нашиот национален идентитет. Токму од овие луѓе кои што замислите во џебовите имаат бугарски пасоши“, рече Филипче.
Тој додаде дека граѓаните веќе ја препознаваат вистината и политиките на ВМРО со кои го блокираа европскиот пат на државата.
„Нека признаат дека сето тоа што со години наназад го водеа беше една лажна пропаганда, само за да дојдат на власт, а Македонија да не може да го продолжи европскиот пат. ВМРО е една единица мерка за лага и за лицемерие. Но граѓаните веќе ја знаат вистината. Замислите го, лицемерието- најгласни против Европа, се оние кои што ја обезбедиле Европа за себе и за своите семејства“, рече Филипче.
На прес-конференцијата, Филипче нагласи Владата на ВМРО покажа дека не се грижи ниту за граѓаните, ниту за напредокот на државата.
„Ова не се политичари кои се грижат за доброто на државата и граѓаните, туку политички туристи со европски пасоши кои што ги држат функциите за да ги искористат за лично богатење. Доста е со лагите и доста е со лицемерието. Малцинства во Уставот треба да се случат час поскоро. Реформи сега и Европа сега“, порача Филипче.



