Прес конференција на СДСМ, Галаба Вереса Димова –советничка во општина Штип
Нетрпението и недовербата помеѓу вмровските функционери очигледно продолжува и кулуминира со смената на директорот на детската градинка Астибо.
Очигледно и самиот градоначалник се сомнева во работењето на кадрите од сопствените редови, особено кога станува збор за финансиски малверзации и сомнителни трошења на народните пари.
Јавноста добро ги памети скандалите што ја потресоа општината:– кражбата на нафта тешка 18 милиони денари,
сомнителните набавки на опрема и реквизити во градинката Астибо, како и бројните индиции за нерегуларности во работењето.
Но, едно останува заедничко за сите овие случаи , никој досега не понесе одговорност.
Дека се аздисува со парите на граѓаните по институциите, доказ е и финансиската помош од речиси 10 милиони денари за детските градинки од парите на граѓаните.
Јорданов е должен јавно да одговори за какви сомнежи на финансиски криминал се работи? Каква е финансиска состојба во градинките и покрај зголемените цени за престој во нив?



