Филипче: Зошто Мицкоски бега од уставните измени, за какви туѓи интереси одработува?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Интерес на државата е да се интегрира во Европската Унија, зошто Мицкоски бега од уставните измени, за какви туѓи интереси одработува, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, во однос на обвинувањата од ВМРО дека СДСМ застапува бугарски позиции, додавајќи дека ваквите обвинување се дел од пропагндата на ВМРО која со години ја спроведува.

Филипче нагласи дека вистина е дека и тој и СДСМ ексклузивно ги застапуваат македонските национални интереси и европската иднина на државата.

„И јас лично и СДСМ ги застапуваме ексклузивно интересите на држававта. Ги застапуваме македонските интереси. Интерес на државата е да се интегрира во Европската унија. Суштинското прашање е зошто оваа влада и зошто Христијан Мицкоски не го прави чекорот напред со спроведувањето на уставните измени? Нека објасни, го прашуваме по кој знае кој пат, од што се плаши и дали не правејќи го чекорот, одработува за некакви туѓи и чии интереси?“, рече Филипче.

Тој додаде дека ВМРО без потреба се обидува да создаде перцепција дека уставните измени се во туѓ интерес, додавајќи дека вистинското прашање е чии интереси се застапуваат со блокирањето на европскиот пат.

„ВМРО мислам дека без потреба се обидува тоа да го направи, затоа што на граѓаните треба да им е јасно дека ова не се никакви и нечии туѓи интереси. Туѓи интереси се да не го направиме чекорот. Вистинското прашање е чии интереси ВМРО застапува, со тоа што не се прави чекорот да се направат уставните измени и да се отворат преговорите за Европската унија.“

Пртиоа, Филипче повтори дека СДСМ, останува отворена за споделување одговорност, но само за клучните државни прашања, отфрлаќи ги како невистини обвинувањата за можна широка влада.

„Реков од позиција на опозиција дека ќе споделиме одговорност. Веднаш ме обвинија дека широка влада, шпекулации така натаму. Не, апсолутно, ниту имаме намера, ниту желба да учествуваме во Влада со ваква криминална група. Споделуваме одговорност за иднината на земјата и за уставните измени и за сѐ што носат преговорите, отворањето на поглавјата после тоа“, рече Филипче.