Одговор на новинарско прашање
Козметички промени нас не не интересираат. Кој и да го стават, знаеме кој вистински води и каде оди. Мицкоски и неговата криминална група водат во изолација. Продолжува кражбата додека народот осиромашува.
Неговата влада е иста како и партијата – само фан-клуб на Мицкоски. Затоа е сеедно дали тој седи и потпишува или некој друг. Други имиња, иста приказна.
А кој работеше добро?
Мицкоски за себе и за својата банда – тоа сигурно работеше добро.
И оние партиски фирми на „татко“ кој не е татко, тендерите 161 за една, 51 за друга, 93 за трете… тендерите на Пошта за советникот од ЗНАМ. Тие работат добро – за себе.
Останатото е само театар за јавноста.



