Соопштение за јавност
СДСМ денеска од пред Јавното обвинителство побара одговор на прашањето кое сѐ погласно го поставува јавноста: зошто е запрен случајот „Мазут“, тежок 167 милиони евра, и дали зад оваа одлука стои политички дил?
Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, дали посоти дил меѓу Христијан Мицкоски и Асмир Јахоски од Пуцко Петрол, откако обвинителството ја прекина постапката за еден од најголемите случаи во државата.
Нели Мицкоски ги нарекуваше „голобради момчиња„ нели најавуваше дека „заврши времето на голобради момчиња„. Да не има сега дил со „голобрадo момчe“?
„Како тоа се одредува притвор за недокажани 1.800 евра, а се прекинува постапка за 167 милиони евра? Како тоа бодигардот на Мицкоски условно се пушта за претепување, а за недокажани 1.800 евра се одредува притвор? И клучното прашање, дали постои дил меѓу Мицкоски и Асмир Јахоски од Пуцко Петрол?“, праша Димитријевиќ.
Ваквите одлуки се уште еден доказ за селективната правда и целосната партизација на институциите.
„Во Македонија нема правда, туку целосно партизирано судство и обвинителство“, истакна Димитријевиќ.
Тој потсети дека и европските институции нотираат сериозни проблеми во владеењето на правото и борбата против корупцијата.
„Тоа го констатира и Европскиот парламент во својот извештај – нема напредок во реформите, особено во владеењето на правото, реформите во правосудството и борбата против корупцијата“, рече Димитријевиќ.
СДСМ го повика јавниот обвинител Ненад Савески веднаш да постапи по јавно изнесените тврдења на министерот Панче Тошковски дека поседува докази за случајот.
„Савески самиот кажа дека доколку се појават нови околности или релевантни докази, случајот може повторно да биде активиран. Само неколку часа подоцна, Панче Тошковски јавно изјави дека има докази кои јавноста не ги знае и дека сите ќе бидеме шокирани. Затоа бараме обвинителот веднаш да го повика Тошковски и да ги побара доказите за кои тврди дека ги поседува“, нагласи Димитријевиќ.
СДСМ порача дека нема да дозволи случајот „Мазут“ да биде заборавен и дека јавноста заслужува целосна вистина за случајот тежок 167 милиони евра.
„Ова нема да го заборавиме. По ослободувањето на заробените институции и враќањето на државата во рацете на граѓаните, овој случај повторно ќе биде отворен и ќе има одговорност за сите инволвирани“, порача Димитријевиќ.

