Прес конференција на АКТ, Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор
Омилените тендерски фирми на ВМРО, си имаат и омилени фирми со заеднички проектанти и надзор, едни исти фирми добиваат тендери, едни исти омилени фирми вршат надзор и проектирање, нагласи членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, на денешната прес-конференција на која беше разобличен уште еден тендерскиот скандал на власта.
Фрчкоски посочи дека двете омилените тендерски фирми на ВМРО меѓу кои се Ленди Груп ДООЕЛ Скопје, Пирамид билдинг солушнс и Масев ДООЕЛ си имаат исто така свои омилени фирми со заеднички проектанти и надзор.
„Овие омилени фирми за тендери на власта имаат само 2 исто така омилени фирми со заеднички проектанти и надзор. Во десетици општини и институции низ државата се повторува ист образец: истите изведувачи добиваат милионски тендери, а над нив работат само две фирми – МГ Проект и МБМ Архитекти”, рече Фрчкоски.
Тој додаде дека само во периодот откако ВМРО-ОКГ има апсолутна власт во државата и откако се реализира унгарскиот заем, односно од 2024 година до денес, двете фирми за надзор и проектирање склучиле договори чија вкупна вредност е повеќе од 5,3 милиони евра.
„МГ Проект во овој период успева да склучи договори со вкупна вредност од 2,4 милиони евра. А МБМ Архитекти за овој период успева да склучи договори вредни 2,9 милиони евра! Во проценти, ако пресметаме, од 2024 година имаат раст од неверојатни 288,65%!”, рече Фрчкоски.
На прес-конференцијата, Фрчкоски нагласи дека тоа се пари на граѓаните, пари од јавни тендери, кои требаше да одат за патишта, за училишта, за болници, а наместо тоа завршуваат во структурирана шема поврзана со унгарскиот кредит и омилените изведувачи на власта.
„Нема пари за плати, нема пари за земјоделците, пари има само за тендери и бизнис-шеми. А кога ќе снема пари и за тендери, е тогаш ќе сакаат предвремени избори. Прашањето е до кога ќе молчи обвинителството и нема да презема ништо? СДСМ најавува испитување на сите постапки и одговорност, од прв до последен“, рече Фрчкоски.



