(Видео) Мицкоски не се откажува од изборен грабеж, гласањето по пошта е само новиот обид за манипулација

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО на СДСМ

Мицкоски и ВМРО немаат намера да се откажат од обидите за манипулација и злоупотреби со над 200.000 гласови од дијаспората.

Откако сфати дека не може да го протнешверцерскиот начин за електронско гласање на дијаспората без никака контрола, сега се обидува со некакво гласање по пошта.

И повторно без никаква контрола и гаранција за почитување на слободната волја на граѓаните – нов модел и можност за изборни манипулации и нерегуларности.

Не му е важна на Мицкоски реформската агенда – тоа му е само изговор. Важен му е само изборниот грабеж.

Позициите на СДСМ за Изборниот законик не се радикалистички како што сака Мицкоски да ги прикаже. Радикалистички е начинот на кој тој сака да го спроведе изборениот грабеж.

СДСМ не е против дијаспората да гласа, дијаспората гласа и сега. Тоа е лага на ВМРО.

Но, сме против начин на гласање кој не обезбедува сигурност, транспарентност и заштита на изборната волја.

Предлогот електронското гласање да се замени со гласање по пошта, без Државната изборна комисија да има можност со консензус да ги утврдува правилата и механизмите на контрола, не ја подобрува демократијата во изборниот процес.

Тоа создава нови ризици за нерегуларности, злоупотреби и изборни манипулации.
Опасно и загрижувачки е тоа што ВМРО категорично одбива ДИК, со консензус, да ги регулира процедурите за гласањето на дијаспората.

Од што се плаши власта?

Ако навистина нивната цел е фер и демократски изборен процес, тогаш зошто бегаат од механизам што обезбедува контрола, доверба и согласност меѓу сите политички чинители?

Но, вистината е дека нивната цел не е подобар изборен процес, туку отворање простор за изборен инженеринг и манипулација.

СДСМ нема да дозволи изборен грабеж, ние имаме обврска да го заштитиме гласањето и овие игри на ВМРО не ги прифаќаме.

Власта треба да се откаже од овие намери, да се повлече и да се достави предлог ДИК со консенсуз да може да го регулира гласањето на дијаспората.

Линк до видеото :