Новиот министер за земјоделство Серафимовски, по примерот на неговиот претходник, продолжи да ги лаже земјоделците.
Тоа е ВМРО – друг човек, исти манипулации.
Наместо производната цена, Серафимовски ја соопшти откупната цена.
Зголемувањето од 25%, што не е обврска да го пресмета Министерството за земјоделство, Серафимовски го пресмета на производната цена на грозјето.
Според неговите пресметки, производната цена на Вранецот е 21,8 денари, а на Смедеревката 20 денари за килограм.
Класична манипулација за да се скрие вистинската реална производна цена, и обид да им се отвори простор на винариите да манипулираат со откупната цена на винското грозје.
Според Законот за вино, член 21, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најдоцна до 15. јули ја утврдува производната цена по килограм произведено винско грозје за тековната година.
Според член 23 од истиот закон, трговците со винско грозје односно винариите се тие коишто врз основа на шеќерните единици најдоцна до почеток на винската година, треба да ја објават откупната , која треба да ја зголемат за 25% од производната цена.
Ако направиме пресметка и ги тргнеме веќе калкулираните 25% зголемување на производната цена, тогаш производната цена на вранецот е 17,44 денари за килограм, а на Смедеревската 16 денари за килограм.
И оваа откупна цена зголемена за 25%, која за вранецот 21,8 денари, а за Смедервката 20 денари, е понижувачка за лозарите, во услови кога сите репроматеријали се поскапени.
Министерот Серафимовски им должи одговори на лозарите – да ја објави методологијата како е дојдено до оваа производна цена и како е направено зголемување од само половина денар во споредба со минатата година и тоа кога само во почетокот на производната сезона имаме зголемување на нафтата, зголемување на минералните ѓубрива, зголемување на трошоци на работната рака овој одговор им го должат на лозарите
Методологијата по која е работена не е одобрена од подсекторската група за лозарство.
И ова не е крајна откупна цена при целосна исплата на лозарите винариите цената ја намалуваат за 8%
Со вакви цени, лозарите се осудени на пропаст. Овие две години Владата на ВМРО немаше пари за поддршка на лозарите – ја укина мерката за дополнителна исплата по килограм грозје. Ама затоа имаше пари за винариите и тоа дури и по 10 денари за килограм откупено грозје.
Оваа година финансиската поддршка е условена со минимум предадено 30% од производството кај регистрирани откупувачи, и тоа во време кога поголемите винарии најавија дека нема да вршат откуп на сортата Вранец.
Условот за минималната површина на лозови насади е зголемен од 0,2 на 0,5 хектари.
Сите политики и мерки на оваа влада во последните две години водат кон уништување на секторот лозарство.
Бараме да се преиспита начинот на пресметување на производна цена, да се донесе нова методологија во договор со лозарите, да се воведе нова мерка за финансиска поддршка и да се укине делот од 8% ако грозјето се исплати во рок од 7 дена.


