Соопштение за јавност
ВМРО-ОКГ и нивните портпароли повторно се обидуваат да создадат вештачка афера за да го одвлечат вниманието од вистинските проблеми.
Наместо да зборуваат за економскиот колапс, за блокираниот европски пат и за ослободувањето на криминалци како Никола Груевски и Драган Павловиќ Латас, тие сега се фокусираат на законски отпис на стари долгови во ЈП ПОЦ.
Обвинувањата се неосновани и тенденциозни. Отписот е извршен согласно законска постапка, претежно за стари и мали побарувања од граѓани, создадени во долг период, вклучително и за време на ковид-кризата. Во најголем дел се работи за износи од една до две неплатени рати, каде што трошоците за судски постапки би биле поголеми од самиот долг.
Вистината е дека ВМРО-ОКГ нема одговори за сопствените неуспеси. Затоа и продолжуваат со дефокус.
Наместо да објаснат зошто ја вратија Бела палата – симбол на криминалот и имот стекнат со криминал, назад во рацете на организираната криминална група ВМРО, тие се обидуваат да создадат непостоечки афери.
Додека граѓаните се соочуваат со поскапувања, ниски плати и блокирана иднина, ВМРО се занимава со политички конструкции.
Ова е обид да се прикрие фактот дека токму тие ја штитат криминалната структура и продолжуваат да ја држат Македонија во изолација.


