Одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО
ВМРО-ДПМНЕ, гледаме дека изминатиов период постојано се обидува, заедно со Христијан Мицкоски, секако, да ја префрли вината на некој друг.
Вистината е сосема спротивна: токму ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се тие што бараат алиби.
Создаваат вештачки конфликт околу Изборниот законик, гледаме дека намерно туркаат спорни одредби за изборен грабеж, за да го прикријат сопствениот неуспех со реформската агенда и целосно да го блокираат европскиот пат.
Тврдат дека Македонија е лидер во регионот во исполнувањето на реформската агенда, а гледаме дека европскиот пат е целосно закочен.
Фактите покажуваат токму ова што го кажуваме: рокот до 1 јуни одамна помина, клучните закони се вратени од Европа на доработка, а напредокот е минимален.
Наместо да завршат со реформите, тие бараат некакви изговори. Кога некој постојано зборува за „алиби на опозицијата“, тоа значи дека токму тој самиот бара алиби.
ВМРО не сака да ги заврши реформите, затоа што по нив, секако, ќе следува продолжување на европскиот пат, а тоа е нешто што дефинитивно Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не го сакаат.
Затоа што Европа не може да прифати да се ослободуваат криминалци како Груевски, кој е во бегство, и Латас, човек што беше задолжен за палење на Американската амбасада, човек кој со години работи за службите на други држави.
Независно судство и европско обвинителство значат одговорност, а одговорност е токму она од што бегаат Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа е вистината.
Линк до видео:


