Прес конференција на СДСМ, Александар Наумоски – член на Извршниот одбор
„Чувствата“ на премиерот Христијан Мицкоски ги поклопија правото, Уставот и правната држава.
Најновиот извештај на Европската комисија за владеењето на правото ја разоткрива суровата вистина за Македонија под власта на ВМРО-ОКГ: нема реформи, корупцијата е широко распространета, а судството и обвинителството се изложени на политички притисоци.
Брисел директно алармира дека изјавите на претставници на власта, вклучително и на премиерот, создаваат притисок врз независноста на правосудниот систем и ја загрозуваат поделбата на власта.
Клучните наоди се јасни:
Високи владини функционери водат јавни кампањи за дискредитација на судии и обвинители, со цел да ги замолчат и да ги претворат во партиски послушници.
Измените на Кривичниот законик повторно отвораат опасен простор за неказнивост и заштита на криминалот.
Корупцијата останува широко распространета, а сомнежите за проблематични тендери се множат.
Истовремено, буџетот за правосудството за 2025 година е намален за 4,3%, со што судовите се туркаат во уште поголема финансиска зависност.
Ова е европска дијагноза за заробеното правосудство под власта на ВМРО-ОКГ и потврда на сè што СДСМ го говори со месеци.
Нема реформи. Нема независно судство. Нема правда.
Има политички притисоци, контролирано правосудство и обид за заштита на криминалот и продолжување на неказнивоста.
Затоа ВМРО-ОКГ намерно го кочи пристапувањето кон Европската Унија. Европската интеграција значи посилни механизми за контрола, независни институции и вистинска борба против корупцијата.
Токму од тоа се плаши власта на Мицкоски – од систем во кој законите ќе важат за сите и во кој секој што сторил криминал ќе одговара.
Извештајот од Брисел е црвен картон за Мицкоски и неговата власт.
Со организирана криминална група нема правна држава – има партиска држава во која „чувствата“ на премиерот се поставени над Уставот и законите.
Линк до видео:


