Соопштение за јавност
Христијан Мицкоски изјави дека Реформската агенда е исполнета. Во исто време, ВМРО-ОКГ обвинува дека опозицијата ја блокира Реформската агенда и не дозволува да се завршат реформите.
Ова е уште еден пример на намерна кампања за збунување на граѓаните.
Целта е јасна: да се создаде таков хаос во јавноста што никој повеќе нема да знае што е точно, а што е лага.
Она што е сосема сигурно е дека Мицкоски и ВМРО-ОКГ ја кочат Реформската агенда.
Извештајот на Европската комисија за владеење на правото е уште еден во низата докази за тоа што СДСМ го зборува со месеци.
Мицкоски не сака да ја исполни една од најважните реформи – независност на правосудството.
Не сака независно судство и независно обвинителство. Сака правосудство по нарачка – „џубокс“ правосудство кое ќе свири кога тој ќе нареди.
Тој јавно нарачува политички истраги преку медиуми, од собраниската говорница и преку телефон, а потоа ги користи во својата политичка кампања.
Особено е видливо кај Изборниот законик. ВМРО-ОКГ не сака закон кој ќе биде во согласност со препораките на ОДИХР и ОБСЕ.
Тие сакаат закон кој ќе им овозможи кражба на 200.000 гласа од дијаспората.
Мицкоски и ВМРО-ОКГ се соочуваат со драматичен пад на рејтингот поради секојдневните лаги и корупцијата која е видлива пред очите на граѓаните.
ВМРО загуби повеќе од 150.000 гласови.
Затоа Мицкоски сака предвремени избори – но за да ги пополни изгубените гласови, му се потребни неконтролирани гласачки места. Дијаспората е идеална за тоа.
ВМРО-ОКГ лаже, а кој лаже, тој и краде. Тоа секој граѓанин веќе го знае.
Граѓаните веќе не се збунуваат од овие противречности.
Јасно е дека Мицкоски и ВМРО-ОКГ не сакаат реформи затоа што реформите на Изборни закон значат одговорност и фер избори.


