Прес конференција на СДСМ, Кети Штерјова
Добредојдовте кај Орце.
Скопје денес е град во кој ништо не функционира, освен тендерите и личната промоција на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Ѓубрето не се собира, дивите депонии се преполни, јавниот превоз е во распад, а граѓаните секојдневно се соочуваат со хаос.
Наместо решенија за овие проблеми, добија билборд со коњ со пет нозе, „Камен мост“ што личи на вијадукт и белградски храм сред Скопје.
Орце Ѓорѓиевски не се занимава со проблемите на скопјани, не се занимава со јавниот превоз, со хигиената, со депониите. Се занимава со сопствената промоција.
И по срамот што го виде целата јавност, сè уште нема одговор на најважните прашања.
Кој го изработил овој срамен билборд? Колку пари се платени? Дали некој ќе сноси одговорност за очигледно лошо извршената работа?
Градоначалникот молчи. Наместо отчет, добиваме прикривање на информациите.
Дополнително, Орце Ѓорѓиевски се обидува да ја убеди јавноста дека новото решение било бесплатно затоа што не го платил печатењето и поставувањето.
Но, ништо не е бесплатно.
Јавното комунално претпријатие не работи бесплатно. Неговата работа ја плаќаат граѓаните на Скопје. Секој денар што се троши е денар од нивниот буџет.
Нема ништо џабе, Орце.
Ниту AI-билбордите, ниту коњите со пет нозе. Сè е платено со парите на скопјани.
Скопје не заслужува ваков градоначалник кој наместо со проблемите на скопјани се занимава само со себе.
Линк до видеото :

