Филипче од Гостивар: Лошо се менаџира кризата, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Лошо се менаџира кризата во Гостивар, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат, предупреди претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, при денешната посета во Гостивар. Филипче посочи дека во ваква сериозна состојба од Владата и од наделжните институции нема одговори на најважните прашања – кој сега ја менаџира кризата и како се гарантира безбедноста на граѓаните.

„Што се случувало во изминатиот период и чија е одговорноста за работите кои што се случувале и што сега се случува, односно како може да се спречи и дали се заканува уште поголема катастрофа од тоа што сега се случи во Гостивар. Имено, зошто не се испитувала водата секој ден. Кој сега ја менаџира состојбата, кога нема директор на јавното претпријатие? Следно, како сега функционираат рестораните, со каква вода се мијат чиниите и приборот за јадење? Каква вода се користи во рестораните во кои има масовни собири, а тоа се свадбите? Гледаме дека е забранета водата за користење, има некоја препорака да се користи техничка вода. Која е таа техничка вода? Од каде рестораните ја носат? Од каде граѓаните ја носат и ја користат? Кој ја проверил таа техничка вода?“, праша Филипче.

Тој предупреди дека ваквото неодговорно менаџирање на кризата може да предизвика нови здравствени ризици за граѓаните.

„Ако и сега се користи неисправна вода, се заканува уште по голема опасност, а тоа е труење со храна. Поради тоа што ако храната не се мие и не се третира соодветно, има труење со храна. Следно, болеста на нечисти раце, хепатит А. Ако сега повторно се користи неисправна храна, има ризикот од нова болест, нова епидемија. Тоа се прашања од јавен карактар, од јавен интерес “, рече Филипче.

Притоа, Филипче нагласи дека ваквата состојба е уште еден доказ за неспособноста на Владата на ВМРО да управува со кризни ситуации, оставајќи ги граѓаните сами да се снаоѓаат во моменти кога најмногу им е потребна функционална и одговорна држава.

„Оставени во ваква ситуација, кога овој систем го менаџира само малата група на луѓе околу Христијан Мицкоски, граѓаните се оставени на себе да се справуваат со последиците од тој страшен систем“, рече Филипче.

Линк до видео: