Филипче од Гостивар: Со Мицкоски загрозени се основните човекови права на здравје и здрава вода

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Со Мицкоски на власт загрозени се основните човекови права на здравје и здрава вода, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во изјава за медиуми во Гостивар.

Филипче посочи дека одговорноста на Владата е прашање на заштита на здравјето и безбедноста на граѓаните.

„Очигледно е дека со оваа власт на Христијан Мицкоски и неговата организирана криминална група, повеќе нема прашање во сферата на политичката или моралната одговорност. Очигледно е дека се во прашање елементарните човекови права, граѓански права, тоа е правото на здравје и во тој контекст здравата почва, здравата вода“, рече Филипче.

Притоа, Филипче укажа дека постојат сериозни сомнежи за институционални пропусти кои мора да бидат расчистени и побара одговорност за тоа што кризата не е навреме откриена и менаџирана иако за тоа имало јасни сигнали. Филипче побара одговори зошто не се вршеле редовни контроли на водата, зошто не била направена навремена епидемиолошка анализа и кој сега ја менаџира кризата.

Тој додаде дека Владата нема право да молчи за важните прашања во однос на епидемијата во Гостивар, додека граѓаните се соочуваат со сериозна здравствена криза.

„Не можат здравствените власти, Министерството за здравство, министерот и премиерот да молчат по овие прашања. Треба јавно да ги објават резултатите од контролата и сите параметри на водата. Нема што да ја загрози истрагата, бројките се тие, фактите се тие, органите нека си постапуваат, ама граѓаните мора да знаат. Тоа е нивно човеково право, навремен пристап до јавна информација“, истакна Филипче.

Во изјавата за медиуми Филипче нагласи дека наместо функционален систем кој ќе ги заштити граѓаните, Владата на ВМРО дозволи да се создаде состојба во која се загрозени основните човекови права, а институциите не обезбедуваат ниту заштита, ниту навремени информации за ризиците по јавното здравје.

„Во ваква ситуација, кога овој систем го менаџира само малата група на луѓе околу Христијан Мицкоски, граѓаните се оставени на себе да се справуваат со последиците од тој страшен систем“, рече Филипче.

Линк до видео: