Прес конференција на СДСМ, Трајче Стојчевски,претседател на СДММ
Општина Штип водена од градоначалникот на ВМРО – Иван Јорданов, започна со распродажба на земјата во сопственост на државата.
Повторно на мета се познатите штипски “Печурки”. Таму постојат правни субјекти од кои граѓаните со години егзистираат.
Затоа прашуваме:
– Дали имате согласнот за изградба на шеснаесеткатница, од граѓаните кои работат таму и ги прехрануваат своите семејства?
– Дали како градоначалник ги прашавте и лично разговаравте со нив?
– Дали ви се поважни бизнис интересите од егзистенцијата на граѓаните?
Начинот на кој се распишани огласите и условите кои се поставени, времето во кое се објавуваат, среде сезона на годишни одмори, како и фактот дека ова не е првпат да се објавуваат отвораат сериозни сомнежи дека целата постапка се подготвува за однапред познати интереси.
Зошто инаку по трет пат се објавува оглас со промена на условите?
Очигледно целта е бизнис партнерите на Мицкоски и ВМРО да добија земја по багателни цени од 1600 денари по метар квадратен за потоа да тераат бизниси си згради.
Затоа бараме: огласите огласите за продажба на градежно земјиште во сопственост на државата во Штип да се поништат.
Државното земјиште не е приватна сопственост на ВМРО-ОКГ и не смее да биде ставено во функција на ничии бизнис-интереси.
Јавноста има право да знае зошто условите се менувале и кому му одговараат сегашните услови?
Кој ќе профитира од изградбата на зградите?
Дали условите се кроени така што ќе одговараат на однапред определени компании?
Ова се прашања на кои власта мора да одговори пред да биде продаден и еден квадратен метар државна земја.
Додека тоа не се направи, огласите мора да бидат поништени.
Очигледно сè е бизнис за ВМРО. Со водата тераат бизнис. Струјата – бизнис.
Сега и државната земја за изградба на згради – бизнис.
Македонија не е на продажба.
Државното земјиште не е партиски плен.
Линк до видео:


