Прес конференција на СДСМ, Маја Борозан
Поминаа пет недели – граѓаните на Гостивар се уште немаат чиста вода.
Резултати за водата не се објавени, власта секојдневно излегува со различни информации.
Прво, велеа водата може да се користи како „техничка“, па потоа Клековски призна дека во водата има бактерии, не една туку повеќе.
Никогаш не објавија извештај и резултати за водата, кој одобрил да се користи, кој потпишал.
И додека Мицкоски и неговата власт, во која сите Тошковски е експерт за хиперхлокирање а Клековски никаде го нема, во Гостивар има нови случаи на затруени граѓани, и реинфицирани.
Тоа значи дека опасноста не е помината.
Во среде лето, во 21 век – без вода е цел еден град. 5.000 граѓани имаат здравствени последици од загадената вода.
Цел еден град е затруен поради неспособноста на власта на Мицкоски да се справи со оваа здравствена криза.
Гостивар е показател за целосниот распад и нефункционалноста на системот.
Се покажа Мицкоски и ВМРО не знаат и не се способни да менаџираат криза, не можат да го заштитат здравјето на граѓаните. Задоцнија во секој чекор.
Од прогласување на епидемија, до преземање на превентивни мерки.
И ова не е изолиран случај. Во над 50 населени места водата за пиење не е безбедна.
Секојдневно излегуваат нови информации за општини каде што водата е затруена.
Цела држава е отруена.
Вчера надлежните потврдија дека загадена е и водата за пиење во Свети Николе – утврдени се микробиолошки отстапувања во водата од водоводната мрежа.
Затруени се реките Тополка и Бабуна. Бела хемиска материја имаше во реките Лепенец и Вардар.
Во вакви услови, кога секојдневно излегуваат нови информации за загадена вода, власта на Мицкоски не прифаќа да се направи анализа на водата во цела држава и јавно да се објават резултатите.
Зошто?
Граѓаните од цела Македонија имаат право да знаат каква е водата што ја пијат.
Се работи за нивното здравје, за основното право на чиста вода за пиење.
СДСМ ја повикува власта веднаш да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите.
Видовме до што доведе криењето на информации во Гостивар – илјадници луѓе затруени, секојдневно нови случаи, па дури и реинфицирани граѓани.
Не треба да се чека. Направете ги анализите и објавете ги резултатите.

