Прес-конференција на СДСМ, Маја Борозан
Еден месец Гостивар е отруен со нечиста вода.
Среде лето, на пеколни температури, жителите на Гостивар се уште, пет недели по ред, немаат безбедна вода.
5.000 граѓани завршија по болници со здравствени проблеми, има нови случаи и реинфекции.
Пет недели граѓаните на Гостивар се принудени да чекаат во ред за пластично шише со вода.
Ова е реалноста со која се соочуваат гостиварчани. Ова не е нормална состојба туку трагедија, скандал без крај.
А Мицкоски и Клековски се на екскурзија.
Ова е вистината за власта на Мицкоски, која покажа тотална неспособност да го заштити здравјето на граѓаните.
Мицкоски ниту еднаш не ги посети, не отиде во Гостивар.
Испрати неколку цистерни вода за цел град.
Со недели ветуваше дека „утре ќе има вода за пиење“. Сега луѓето ја користат како техничка, а никој не дал документ дека е исправна ниту за тоа.
Од изјавите на Мицкоски и Клековски дека „многу брзо“ проблемот ќе биде решен, епилогот е – 5.000 затруени луѓе, реинфицирани случаи, болницата во Гостивар е затруена, пациенти се префрлаат во Тетово, има епидемија на жолтица, а нема медицински кадар.
Нема поголем скандал, ниту поголема неодговорност од вакво поигрување со животот на граѓаните.
Очигледно Гостивар чека Мицкоски и Клековски да се вратат од екскурзија.
Го нема веќе ни Клековски да кажува колку брзо водата ќе стане безбедна. Сега се чека 20ти август, а до тогаш граѓаните ќе преживуваат.
Нека чекаат граѓаните на Гостивар, владата на Мицкоски има екскурзија.
Линк до видео:

