Прес-конференција на СДСМ, Кети Штерјова
Со Мицкоски, Клековски и ВМРО, здравјето на граѓаните е загрозено.
На Клековски и Мицкоски им му се случија две здравствени кризи ама тие заминаа на одмор, на екскурзија.
Наместо превенција, наместо итна реакција и решение, во двете кризи видовме целосен распад на системот и неспособност на Клековски и ВМРО.
А се работи за здравјето на луѓето.
Во Гостивар, граѓаните беа отруени, со недели без безбедна вода за пиење.
5.000 граѓани завршија во болница.
По пет недели, и сега откако велат дека водата е безбедна, нема објавено ниту еден официјален документ кој ќе го потврди тоа.
Резултатите од анализите на водата, кои не се објавуваат веќе пет недели, внесуваат несигурност и создаваат паника кај граѓаните.
Ако сè е исправно, зошто резултатите досега не се објавени, кога испитувањата се прават секојдневно?
Што се крие од граѓаните, додека министерот повикува на транспарентност?
Сака да ги објави резултатите од 2017 година, а не сака да ги објави денешните.
Тоа само покажува дека нешто не е во ред.
Во Скопје ескалира кризата со западнонилската треска. 35 потврдени случаи од западнонилска треска. 3 починати.
6 лица во критична состојба на интензивна нега.
Од една криза во друга. Од една епидемиолошка закана во друга.
Пак задоцнето, сега допрва мерки, сега допрва прскање. Тотален колапс и хаос.
Клековски, како и неговиот шеф Мицкоски, ги оставија граѓаните и заминаа на екскурзија.
Додека Клековски ја сведува борбата против западно-нилскиот вирусот на апели за пријавување мртви гаврани и празнење на базени, граѓаните секојдневно се изложени на ризик.
Ова е уште еден доказ за целосниот распад на системот.
Општините не спроведуваат навремено прскање против комарци. Центрите за јавно здравје немаат капацитет за системска ентомолошка контрола. Агенцијата за храна и ветеринарство реагира само декларативно, без масовни проверки на живината.
Резултатот е трагичен: заболени граѓани, смртни случаи и пациенти во критична состојба.
Наместо системска акција според протокол – има молк, неспособност и префрлање на одговорноста врз граѓаните.
СДСМ бара итна и системска реакција: следење на популацијата на комарци на територијата на град Скопје, лабораториско тестирање на примероци за присуство на вирусот, масовна дезинсекција и уништување на жариштата – канали, бари и водни површини.
Да се направи итна контрола на живината и дивите птици, пријавување и тестирање на мртви птици. И, најважно, итна институционална координација помеѓу Министерството за здравство, центрите за јавно здравје, општините и Агенцијата за храна и ветеринарство.
Граѓаните не смеат да бидат единствениот „аларм“ за епидемијата.
Владата треба да ги штити нив.
Клековски не може да го обезбеди тоа и треба да понесе одговорност.
Линк до видео:



